Утрински Весник
Македонија

Казнати 88 возачи во општина Илинден

Казнати 88 возачи во општина Илинден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 88 мерки, од кои 11 за управување со брзина поголема од дозволената, 6 за возење без возачка дозвола, 2 за минување на затворен семафор (црвено светло), 6 санкции за користење на мобилен телефон, 8 за возење под дејство на алкохол, 5 за техничка неисправност и нерегистрирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево