Утрински Весник
Македонија

Казнати 181 возач во Скопје 

Притвор за мажот кој прегази мопедист во Трубарево – возел пијан, а удрил и дете

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак. За неносење на  заштитна маска изречени се 34 санкции.
 
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Претрес во дом на 18-годишен скопјанец, пронајден кокаин

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Приведени шест малолетници од Скопје, извршиле разбојништво и разбојништво во обид