Утрински Весник
Економија

Кадровски промени во РЕК Битола и РЕК Осломеј- од директорска позиција сменети Ќурчиевски и Пиперкоски

Кадровски промени во РЕК Битола и РЕК Осломеј- од директорска позиција сменети Ќурчиевски и Пиперкоски

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, е наведено во соопштението.

Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

„Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза“, појаснуваат од таму.

Можете да прочитате

Турските туристи најбројни во месец април

Дизелот поскапува за 5,50 денари, а бензините за 1,50

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност