Утрински Весник
Спорт

Нов проблем за Денвер, се повреди и Доужер

Нов проблем за Денвер, се повреди и Доужер

Денвер Нагетс се една од најмалерозните франшизи, оваа сезона, во НБА лигата. Нагетс, сезоната ја започнаа без повредениот Џамал Мареј, тој би требало да се врати во јануари или февруари.

Пред десет дена се повреди Мајкл Портер јуниор, а веднаш потоа и Никола Јокиќ.

Локалните медиуми тврдат дека Портер јуниор, поради поредата на грбот, ќе ја пропушти сезоната. Јокиќ наскоро ќе се врати во тимот.

Денвер, синоа, играа во Портланд, загубија 100:119 и останаа без Пи-Џеј Доужер.

Крилниот играч излезе од теренот во првото полувреме. Тој ги скинал лигаментите во коленоот, што значи дека сезоната и за него завршена. Доужер од почетокот на сезоната е значаен играч во ротацијата на Мајк Мелоун.

> Нов проблем за Денвер, се повреди и Доужер <

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен