Утрински Весник
Македонија

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

300x250 (7)

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за првпат по повеќе години“ велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.

dobivaj vesti na viber

„Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“ – се наведува од кабинетот на Пендаровски.

300x250 (7)

Спомен плочата за одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, беше поставена на празникот Илинден во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ каде што по долгогодишна пауза чествуваше македонска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски.

На спомен плочата двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува:

„На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

Ss1

Можете да прочитате

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови – молк пред утрешните претседателски избори, тече кампањата за пратеници

Седми претседателски избори – 24info.mk

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи