Утрински Весник
Сцена

И „Калеш бре, Анѓо“ на „Антологијата“ на Мишо Ковач

И „Калеш бре, Анѓо“ на „Антологијата“ на Мишо Ковач
300x250 (7)

Скопје, 2 јуни 2020 (/) – Легендарниот Мишо Ковач (1941), кој на музичката сцена е повеќе од 50 години, повторно е актуелен со неодамна објавена ретроспективна „Антологија“, на шест компакт-диска во издание на „Croatia Records“. Меѓу вкупно 131 песна, одбрани лично од него, е и песна на македонски – Калеш бре, Анѓо.

Снимката „Калеш бре, Анѓо“, која Мишо на своја иницијатива ја сними во 2014-та, од заборавот ја спаси Зулфи Назифовски.

Ss1

Мишо отсекогаш многу ја сакал оваа песна, како и целото македонско богато звучно културно наследство. Назифовски, пак, е музички новинар, колекционер на винили и компакт-дискови, човек кој има голема музичка архива. По потекло е од Македонија, а живее во Словенија.

-Мишо отсекогаш бил музички феномен на нашиот регион, а бројни компилации објавени во негова чест сведочат за неверојатно успешна кариера. Некои одбележаа одреден период на активност, некои беа избор на најголеми хитови, но, ова е нешто посебно. Ова е најобемната колекција на песни на Мишо, која датира од самиот почеток на неговата активност до најновиот период, наведуваат од „Кроатија Рекордс Македонија“.

Шесткратното издание на компакт-диск содржи исклучително богата придружна содржина, книгичка од 52 страници, во која се содржани ретки фотографии. “Ako me ostaviš”, “Ostala si uvijek ista”, “Malo mi je jedan život s tobom”, “Proplakat će zora” се само некои. Заедно со “Svi pjevaju, ja ne čujem”, “Nikoga nisam volio tako”, па првиот сингл „Ne mogu prestat da te volim“. Станува збор за преработка на хитот на Реј Чарлс „I Can’t Stop Loving You“.

Со антологиското издание опфатен е поголем дел од неговата кариера. Како од најпопуларните, така и од оние помалку популарни, но не помалку ценети албуми. Затоа, оваа компилација е најсеопфатна досега. “Беше многу тешко да се изберат најубавите песни на Мишо за Антологијата. Можеби затоа Антологијата на Мишо е објавена дури сега. Беше тешко една таква кариера да се најде на ограничен број компакт-дискови. Затоа оваа Антологија не е стандардно издание со најголеми хитови.

-Оваа антологија е изборот на Мишо составен од неговите најомилени песни. Еден вид подарок за неговата публика што го следи и обожава толку верно. Заслужено, затоа што во ниту еден момент од кариерата Мишо не престана да ги почитува своите фанови, напиша Николина Мазалин, креативна директорка во „Croatia Records“ во книгичката на изданието.

Во долгата кариера Мишо минуваше низ многу, нималку едноставни, животни предизвици. Но, тој секогаш знаеше како да ги надмине, и доследно и храбро. Тој имаше нешто во себе што никој друг на сцената не го поседуваше. „Единствен жив крал на музичката сцена“ – како што некогаш го нарече композиторот Ѓорѓе Новковиќ, лани, од Хрватска дискографска задруга Мишо се закити со големо признание – Специјална награда Multi-platinum award, како најтиражен пејач во историја на хрватска музика воопшто.

Во својата кариера која трае повеќе од половина век, Мишо Ковач има продадено повеќе од 20 милиони носачи на звук. вг/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка