Утрински Весник
Економија

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз
Ss2

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, информира денеска на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, претставувајќи ја состојбата со кластерите на заразени со КОВИД – 19 коишто се појавија во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на КОВИД -19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Ss1

Сотирова Бухова потенцираше дека овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се ажурирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во таа бројка не се внесени кластерите во фамилии или другите позитивни лица.

-Правните субјекти и текстилните фабрики во Штип покажаа исклучително почитување на протоколите со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен престанаа самоиницијативно со работа, рече Сотирова Бухова.

Таа демантираше дека во конфекците продолжила работата и прецизира дека таму денеска во присуство на надлежните инспекторати се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и нивното присуство таму е само од таа причина.

Апелира до сите лица кои имаат добиено решенија од ДЗСИ исклучително да се придржуваат по препораките во решението, односно да не ги напуштаат домовите. Постапување спротивно на ова решение е казниво по закон, истакна директорката на ДСЗИ, повикувајќи го и Министерството за внатрешни работи да го контролира почитувањето на решенијата.лв/скс/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром