Утрински Весник
Свет

Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години

Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години

Италијанската агенција за лекови денеска ја одобри за употреба вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Покрај онаа на „Фајзер“ ова е втора вакцина што се препорачува за употреба кај адолесценти, пишува Ројтерс.

„Достапните податоци ја покажуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината и за субјектите од оваа возрасна група“, велат од италијанското регулаторно тело.

Некои европски земји тврдат дека вакцинацијата на децата е важна за постигнување национален имунитет, бидејќи се шири многу заразниот делта-сој.

Од „Модерна“ во мај потврдија дека вакцината е безбедна и ефикасна кај тинејџерите.

Можете да прочитате

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда

Италијанската влада испраќа 500 војници за „одбрана“ на Милано; Луксузните брендови ги отстрануваат производите од своите излози

Трамп подготвен за средба со Путин и Шји Џјинпинг, вели дека некој друг треба да преговара во име на Украина