Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Италија сака да ги вакцинира тинејџерите пред почетокот на учебната година

Италија сака да ги вакцинира тинејџерите пред почетокот на учебната година
300x250 opst2

Владата на Италија ги повика регионите да дадат приоритет во вакцинација на жителите на возраст од 12 до 18 години, со цел таa возрасна група да се вакцинира пред почетокот на училишната година и спортските активности низ целата земја.

Специјалниот комесар на италијанската влада за „Ковид-19“ Франческо Паоло Фиглиуоло ги повика регионалните гувернери да дозволат безрезервно, тинејџерите да се вакцинираат.

„За да се забрза вакцинацијата кај лица на возраст од 12 до 18 години, треба да им се даде приоритет иако тие не се претходно регистрирани“, напиша Фиглиуоло, додавајќи дека новата мерка треба да стапи на сила на 16 август.

20 региони се задолжени за спроведување на вакцинацијата во Италија.

Околу 40 проценти од Италијанците на возраст под 19 години се вакцинирани со најмалку една доза, а 23 проценти целосно.

Само вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ се одобрени за оваа возрасна група во Италија.

Италијанскиот премиер Марио Драги минатата недела вети дека училиштето ќе започне со настава во училниците во септември и донесе одлука со која наставниците мора да имаат сертификат за имунитет на коронавирусот.

Според владините податоци, до 11 август, околу 66 проценти од Италијанците се вакцинирани со една доза, а 56 проценти се целосно вакцинирани.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас