Tулуз, 23 март 2020 (/) – Французинот Елиша Нохомовик, од градот Тулуз, успеа во изолација, на тераса, да истрча маратон. Со тоа покажа дека, и покрај изолацијата поради коронаврусот, некои нешта, сепак, се можни и изводливи.
Маратонецот на својата седум метри долга тераса, истрча маратонска норма од 42,2 километра движејќи се непрекинато напред-назад, шест часа и 48 минути.
Според Нохомовик, тоа било повеќе како ментален, отколку физички предизвик… „Но, и комичен чин во оваа луда ситуација кога домот се претвора во затвор”, како што истакна маратонецот.
Слики од сѐ тоа тој сподели и на социјални мрежи, како знак на поддршка кон медицинските лица – хероите на денешнината. си/