Утрински Весник
Македонија

Истражување на ССНМ – Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Истражување на ССНМ – Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната
Img 5587

Најголемиот дел од новинарите и медиумските работници земаат од 15.000 до 20.000 денари плата. Ова го покажува анкетата на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), спроведена на 150 испитаници, на кои им беа поставени прашања во врска со работничките права и состојби во новинарските редакции во земјава.

Вкупно 53 лица или 35,3 % одговориле дека нивните месечни примања се од 15 до 20 илјади денари, додека пак 46 лица или 30,6% одговориле дека добиваат месечна плата помеѓу 20 и 25 илјади денари.

Ss1

Дваесет луѓе или 13,3% одговорите дека нивната плата е во висина од 25 до 30 илјади денари, а 23 лица или 15,3% земаат над 30 илјади денари плата.

Само осуммина или околу 5% одговориле дека нивните примања се под 15 илјади денари во месецот.

Од ССНМ велат дека медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одразило и на губењето на работно место и намалување на платите.

Четворица останале без работа, а 45 одговориле дека познаваат колеги ја изгубиле работата. Во проценти, 33% од анкетираните знаат дека некој во медиумскиот бизнис овој период останал без плата.

Најмногу кратење имало кај новинарите со полно работно време, вкупно 11 новинари.

Четири слободни новинари се соочиле со кратење на приходите од 20% (1), 15% (1), 10% (2). Некаде е забележано делумно намалување на платите. На пример, на петмина новинари со полно работно време скратени им се 30% од примањата овој период на криза.

Половина од платата (50%) добил еден новинар, двајца по 20% намалување, двајца 10% помалку и на еден новинар му била скратена платата за 15%. Покуси за 20% и 30% од платата останале и двајца уредници. Еден фоторепортер добил плата скратена за 30%.

Од вкупно 150 испитаници во анкетата на ССНМ, 73 се машки пол, а 77 се жени, возрасната граница се движи од 23 до 62 години. Од испитаниците најголем дел одговориле дека работат во телевизија – 77, додека пак во електронски медиуми 54. Од печатените медиуми биле 16 испитаници и само тројца кои работат во радио.

Во однос на која позиција работат, 84 лица одговориле дека се новинари со полно работно време, 19 дека работат како слободни новинари, сниматели се 14, монтажери и уредници по 10, на работно место во режија шест лица, двајца фоторепортери и петмина дописници.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме галопирачката сиромаштија која е особено изразена кај ромската заедница

Заев: Македонски патриотизам е да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина