Утрински Весник
Македонија

Истрага против дилер на дрога од Битола, марихуаната ја криел во бебешка количка

Истрага против дилер на дрога од Битола, марихуаната ја криел во бебешка количка

Основното јавно обвинителство Битола спроведе истрага против дилер на дрога од Битола.

При претрес во неговиот дом на 8 април, во стан на улицата Димитар Илиевски-Мурато во Битола, полицијата пронашла 24,77 грама марихуана во стаклена тегла скриена во бебешка количка. Осомничениот дрогата ја препродавал на наркозависници од Битола за што е обезбеден доказ и во форма на вербални искази на сведоци, кои во периодот од 6.12.2021 до 8.4.2022 година набавувале марихуана и амфетамини од осомничениот.

Поради опасност од бегство на осомничениот, можност за влијание врз сведоците и повторување на делото, јавниот обвинител пред надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание