Утрински Весник
Свет

Истрагата утврди дека државата е виновна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата утврди дека државата е виновна за убиството на малтешката новинарка
300x250 (7)

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт, објави Би-Би-Си.

Во извештајот што го пренесуваат малтешките медиуми се наведува дека државата не забележала ниту препознала дека постои ризик по животот на новинарката и не презела соодветни чекори за да го избегне убиството.

Ss1

Каруана Галиција беше убиена во напад со бомба поставена под нејзиниот автомобил недалеку од нејзиниот дом во октомври 2017 година.

Истрагата резултираше со оставка на премиерот Џозеф Мускат во 2019 година, бидејќи беше утврдена вмешаност на негови блиски соработници. Но, премиерот тогаш ги негираше обвинувањата за корупција.

Каруана Галиција, наречена „Викиликс жена“, откри случаи на корупција во земјата и во странство.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години