Утрински Весник
Свет

Истражување: Најчести симптоми на Ковид-19 кај оние кои се вакцинирани

Истражување: Најчести симптоми на Ковид-19 кај оние кои се вакцинирани

Како што се менува вирусот Ковид-19, така се менуваат и симптомите што ги предизвикува оваа болест кај луѓето. Губењето мирис, на пример, порано беше еден од значајните показатели за инфекција со коронавирус, но сега е деветтиот најчест симптом кај оние кои имаат коронавирус и кои не се вакцинирани.

Исто така, постојат разлики во тоа како болеста се манифестира кај оние кои примиле една или две дози од вакцината, покажа британската студија ZOE COVID-19. Иако постојат сличности во симптомите помеѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се вакцинирани, постојат некои разлики.

Симптоми кај оние кои не се вакцинирани

Според студијата, овие се моментално најчестите симптоми на инфекција со ковид кај оние кои не се вакцинирани:

1) Главоболка

2) Болки во грлото

3) Течење на носот

4) Температура

5) Постојана кашлица

Така, губењето на мирисот веќе не е меѓу првите пет најчести симптоми. недостаток на воздух сега е, на пример, на триесеттото место.

Симптоми кај оние кои примиле една доза од вакцината

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Болки во грлото

4) Кивање

5) Постојана кашлица

Симптоми кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината:

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Кивање

4) Болки во грлото

5) Губење на мирис

Треба да се напомене дека симптомите кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината биле пократки, односно имале помалку сериозни симптоми на болеста.

„Постојат неколку причини зошто симптомите можат да се променат“, наведуваат научниците кои работеле на студијата.

„На пример, сега голем број заболени се помлади луѓе, за кои знаеме дека имаат поблаги симптоми. Исто така, оние кои се вакцинирани имаат помалку сериозни симптоми“, додаваат тие.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток