Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Исланд е силен тим, многу работи зависат од нас“

„Исланд е силен тим, многу работи зависат од нас“
300x250 opst2

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Енис Барди на официјалната прес-конференција во Рејкјавик ги споделија своите размислувања и очекувањата од утрешниот натпревар против Исланд во рамки на 5. коло од квалификациската група за пласман на СП 2022.

Македонија во Рејкавик пристигна по ремито без голови со Ерменија, додека Исланд ќе сака победа, по поразот од Романија (0:1).

„ Исланд е квалитетна екипа. Според она што го видовме на дуелот со Романија не заслужија пораз. Треба да бидеме на нашето најдобро ниво ако сакаме позитивен резултат. Исланѓаните сакаат да играат фудбал, да го имаат поседот во свои нозе. Тоа е различно од она што сме го гледале во минатото. Имаат друга филозофија. Сакаат топка во своите нозе. Меѓутоа тоа ќе зависи од нас и од нашиот пристап. Детали и индивидуални потези ќе го одлучат натпревар“, рече селекторот Милевски.

„Треба да се концентрираме на нас. Она што ќе се договориме пред меч да го покажеме на терен. Исланд е силен, но многу работи ќе зависат од нас. Мора да бидеме фокусирани, да имаме желба, што не се сомневам дека ќе биде така. Треба да ја играме нашата игра и да одиме на победа“, вели Барди.

Натпреварот Исланд-Македонија, утре ќе започне во 18 часот.

Фото/ffm.mk

> „Исланд е силен тим, многу работи зависат од нас“ <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент