Утрински Весник
Спорт

Пикси: Митровиќ е копија на Дарко Панчев

Пикси: Митровиќ е копија на Дарко Панчев

Селекторот на Србија, славниот Драган Стојкиовиќ-Пикси, напаѓачот на репрезентацијата Александар Митровиќ го според со Дарко Панчев.

Србија го совлада Луксембург со 4:1 и го презеде лидерското место во А-групата. Два гола постигна напаѓачот на Фулам. Митровиќ, во тековниот квалификациски циклус, постигна осум од 11 голови на Србија.

„Кога јас бев во Црвена звезда во клубот беше играч со име и презиме, Дарко Панчев. Тој беше голгетер, Александар е негова копија. Страшен е шеснаесетникот, немилосрден во детерминацијата, тоа се карактеристики на расен голгетер“, рекол Стојковиќ.

Србија за три дена ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.

> Пикси: Митровиќ е копија на Дарко Панчев <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0