Утрински Весник
Свет

Исламска држава презеде одговорност за убиство на три новинарки во Авганистан

Исламска држава презеде одговорност за убиство на три новинарки во Авганистан

Терористичката организација Исламска држава презеде одговорност за напад во кој синоќа биле убиени три новинарки во источен Авганистан.ќ

Разузнавачката група „СИТЕ“ која ги набљудува заканите на џихадистите на интернет, соопшти дека ИД ја презела одговорноста за убиството на три жени, вработени во авганистанската телевизија „Еникас“ во градот Џалалабад, пренесе „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека авганистанските власти претходно потврдиле дека загинале три жени, на возраст од 18 до 20 години, кои работеле како спикерки, а дека четврта жена е тешко повредена, откако на нив вчера пукал непознат напаѓач додека се враќале од работа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дигиталното евро доаѓа: Еве како ќе функционира новата европска валута

Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“, а неколку часа подоцна ја пофали

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска