Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ирачки пратеник бара прекин на врските со Заливските земји кои ги нормализираа односите со Израел

Ирачки пратеник бара прекин на врските со Заливските земји кои ги нормализираа односите со Израел
Img 7972

Ирачкиот пратеник Хасан Салем повика во неделата владата во Багдад да ги прекине врските со земјите од Персискиот Залив кои потпишаа договори за нормализација со Израел, пконкретно со ОАЕ и со Бахреин, пренесува „Мидл Ист монитор“

Тој ја додаде и Саудиска Арабија во групата бидејќи се знае дека има неофицијални врски со Израел.

„Ирачката влада треба да ги прекине врските со земјите кои ги нормализираа односите со ционистичкиот ентитет  и ја предадоа палестинската кауза преку нивната поддршка за ционистичкиот ентитет во бомбардирањето цивили и деца и масакрите извршени во Газа. Недостојно е за Ирак, кој секогаш го поддржуваше палестинскиот народ, да има односи со предавниците кои продаваа и заговараа против Палестина и нејзиниот народ “ рече Салем.

Тој ја истакна потребата ирачката влада да ја напушти лажната политичка учтивост кон овие предавнички режими кои му биле, како што тврди тој, десна така на Израел во убиството на луѓе во Ирак, Либан, Сирија, Јемен и, од неодамна, во Палестина.

„Тие го поддржуваат терористичкиот ционистички ентитет кој изврши масакри врз деца, стари лица и жени,“ вели Салем.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија