Утрински Весник
Спорт

Инфантино: Постојат многу интересни предлози за промени во фудбалот

Инфантино стана член на МОК
300x250 (7)

Цирих, 7 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека биле добиени многу предлози за фудбалски реформи.

Тој спомена некои од нив, поддржувајќи ја можноста да се дискутира за нив на сите нивоа, но не поддржа ниту едно од нив.

Ss1

Инфантино експлицитно истакна дека сите овие предлози влијаат на широк спектар на интереси и треба да се пристапи многу внимателно.

– Слушнав интересни предлози за широк спектар на прашања. Започнувајќи со плафонот за плати, ограничување на сумите за трансфер, други механизми за оданочување и завршувајќи со можен услов да се придонесе за резервниот фонд за случаи како што е пандемијата на коронавирус. ФИФА веќе работи во оваа област, иако се соочуваме со интересите на одредени луѓе. Овие проекти треба да се дискутираат на сите нивоа. Треба да разговараме за ваквите прашања додека поминуваме низ тежок период, рече Инфантино за „Гардијан“.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

Обрадовиќ и Партизан потпишаа нов договор