Утрински Весник
Магазин

Интернетот се обидува да нè подели: Карди Би реагира на гласините за наводна кавга со Били Ајлиш

Карди Би го мрази интернетот.

29-годишната рап ѕвезда организираше афтер-парти по „Мет Галата“ во понеделникот, кога видео на поп-ѕвездата Били Ајлиш како ја нарекува својата колешка музичарка „многу чудна“ за време на забавата стана вирално, а Карди се огласи на Твитер. да ги расчи сите гласини за расправија меѓу нив.

Во твитот таа напиша: „Го мразам интернетот бидејќи како прво, како можете да претворите една од најдобрите забави во драма? Второ, Ocean Eyes e песна што ја служам на мојата ќерка. Трето, Били е мојата бејби. Вчера, од Мет до забавата, сè беше без драма. Зошто сакате сè да претворите во неред ?”

Можете да прочитате

Кинескиот суд: Работниците не смеат да бидат отпуштени поради воведување на вештачка интелигенција

Дневен хороскоп за 5 мај 2026 година

Меркур влегува во Бик: Следуваат три недели посмирена комуникација