Утрински Весник
Македонија

Интензивирана соработката меѓу Македонија и САД на полето за безбедност на храна

Интензивирана соработката меѓу Македонија и САД на полето за безбедност на храна
Screenshot

Интензивирање на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави , преку унапредување на институционалната и бизнис соработка, беа дел од темите на кои разговараа директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и Ендрју Мофад, офицер за политички и економски работи во амбасадата на САД во РСМ.

Pet Utrinski

На состанокот, беше истакната досегашната добра соработка на Агенцијата со стручните служби на САД, а беше разгледана и иницијативата за унапредување на институционалниот капацитет на Агенцијата за храна на полето на здравствената заштита и лабораториските капацитети, информираат од Агенцијата за храна.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Директорот Бабовски ги претставил активностите и приоритетите на кои работи Агенцијата за храна и ветеринарство на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и тековните проекти кои се реализираат.

Од амрикАнска страна биле презентирани активностите кои се реализираат во регионот на полето на биотехнологијата и била најавена можност за вклучување на Република Северна Македонија во регионалниот проект, чија реализација треба да почне наскоро, а во кој ќе бидат вклучени соседна Србија, Грција и Хрватска.

Во поглед на трговските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, Бабовски потенцира дека државава продолжува со реализација на извозот на мали, но, квалитетни земјоделски производи на американскиот пазар и дека се прават напори за зголемување на асортиманот за пласман и на други македонски земјоделски производи во оваа земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија