Утрински Весник
Македонија

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје Зоо

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје Зоо

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.

Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ Зоолошката градина ја почнува кампањата за заштита и благосостојба на животните.

„Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато се она што е забрането“, велат од Скопје Зоо.

Строго забрането е хранење и допирање на животните, било какво вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони.

Животните имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив.

„Имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак голем дел животни за кои зелката е најштетна. Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик“, наведуваат од Зоолошката градина.

Оттука ги потсетуваат сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?