Утрински Весник
Македонија

Инспекторат за животна средина: Природниот гас е единственото гориво што го користи БЕГ

Инспекторат за животна средина: Природниот гас е единственото гориво што го користи БЕГ

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) препорачува дека се неопходни измени во Законот за енергетика со кои, наместо задолжување за набавка на мазут, како алтернатива на гасот, ќе се бара воведување на енергија од обновливи извори или од други еколошки енергенси. Бидејќи, доколку дојде до прекин на снабдување со гас во текот на грејната сезона во 2021 година, со потенцијалното користење на мазутот, ќе се емитираат големи количества на штетни гасови.

Ова е констатирано по извршениот надзор на инсталациите со А интегрирани еколошки дозволи, при што во Топлана-Исток на Балкан енерџи груп (БЕГ), е извршена проверка на резервоарите за мазут и на начинот на постапување со отпад, вклучително и со опасен отпад.

„Надзорот имаше за цел проверка на информациите, дека БЕГ резервирал големи количини мазут за целата грејна сезона, од компанија на која претходно ѝ бил запрен увоз на мазут во Хрватска, поради несоодветен квалитет на горивото. Беше утврдено дека количината на мазут што БЕГ има обврска да ја набавува секоја година согласно Законот за енергетика, е за 15-дневна потрошувачка. И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не набавиле, односно, не користеле мазут од 2013 година, кога биле гасифицирани“, соопштија од ДИЖС.

Според нивни сознанија, во резервоарите на БЕГ нема складирано мазут, односно единствено гориво што се користи како енергенс е природниот гас, а и извештаите за дневна потрошувачка на гориво од БЕГ, изработени од Регулаторна комисија за енергетика, потврдувале дека БЕГ не користи воопшто мазут како енергенс.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија