Утрински Весник
Свет

Индија регистрира рекорден број на починати од коронавирус

Индија објави најголем дневен број на смртни случаи од Kовид-19 во светот, 6.148, откако една голема федерална држава ги ревидираше своите податоци за да ги земе предвид луѓето кои подлегнаа на болеста дома и во приватните болници.

Министерството за здравство во Бихар, една од најсиромашните држави во Индија, во средата ги ревидираше податоците за вкупните смртни случаи поврзани со Kовид- 19.

Досега најголем број на смртни случаи за еден ден беа регистрирани во САД – 5.444 смртни случаи од Ковид-19 на 12 февруари.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Индија сега изнесува 29,2 милиони, што е зголемување за 94.052 во последните 24 часа, додека вкупно починаа 359.676, според Министерството за здравство.

Текстот Индија регистрира рекорден број на починати од коронавирус е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи