Утрински Весник
Свет

Индискиот сој на коронавирусот стана доминантен во Британија

Индискиот сој на коронавирусот стана доминантен во Британија

Делта варијантата на коронавирусот, првично регистрирана во Индија, сега е доминантна во Велика Британија и може да го зголеми ризикот од хоспитализации, во споредба со британската варијанта наречена алфа, соопшти денеска владината Агенција за јавно здравје (Public Health England-PHE).

Според последните неделни податоци, евидентирани се 5.472 нови случаи на варијантата делта, со што бројот на вкупно потврдени случаи од овој вид е зголемен на 12.431, објави Агенцијата, a пренесува Ројтерс.

Здравствените власти посочуваат дека со овој број на потврдени случаи, индискиот сој го надминал алфа, однoсно видот што за прв пат беше идентификуван во Кент, Англија и кој досега беше доминантен во Велика Британија.

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот