Утрински Весник
Магазин

Импресивна историја на љубовни врски на Пит Дејвидсон

Го добивате она што го гледате кога станува збор за Пит Дејвидсон. Тој е спретен комичар со тони тетоважи, кој сака да се шегува дури и за сопствените проблеми со менталното здравје, а сега се чини дека е најбараниот ерген во Холивуд имајќи предвид дека бил во врска со некои од најубавите и најталентирани жени таму.

dobivaj vesti na viber

Последна од нив беше Ким Кардашијан, но по девет месеци и неколку тетоважи посветени на неа, на почетокот на август двајцата решија да се разделат.

Извори блиски до Ким и Пит изјавија за „Е! Њуз“ дека сè уште имаат многу љубов и почит еден кон друг, но нивниот динамичен распоред и далечината ја направи врската неодржлива. Дејвидсон е во Австралија каде работи на филмот „Волшебници“ додека Кардашијан е зафатена со подигање на своите четири деца и заедничкото родителство со поранешниот сопруг Канје Вест.

Можеби е тажно да се стави крај на таква виорна романса, но кој знае со кого ќе биде Дејвидсон сега кога ќе се врати на пазарот, коментира „Ју-ес викли“.

Која е тајната на ѕвездата од ‘Сатрдеј најт лајв’? И кого може да вброи меѓу своите бројни врски?

Меѓу многуте, таблоидите ги наброија Аријана Гранде, Каја Гербер, Кејт Бекинсејл, Маргарет Квали…

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир