Утрински Весник
Спорт

Икарди се враќа во Италија?

Икарди се враќа во Италија?

ПСЖ нема да го задржи Мауро Икарди. Намерата на Аргентинецот е да се врати во Италија.

Француските медиуми, пишуваат дека сопругата на фудбалерот, која е и негов менаџер, Ванда Нара, ги разгледува понудите од Серија А.

Икарди се поврзува до Јувентус, Рома и Наполи.

Неговиот трансфер во Јувентус, долго време беше актуелен, откако не беше реализиран Интер го испрати во Париз. Медиумите од друга страна тврдат дека Икарди е опција број 2 за „страта дама“. Наводно во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат Аркадијуш Милик.

Рома очајнички гара напаѓач, откако стана јасно дека Един Џеко ќе го напушти клубот. Покрај Икарди со „волчицата“ се поврзуваат и српските репрезентативци Лука Јовиќ и Душан Влаховиќ.

Не е познато колкав е интересот на Наполи, но познато е дека претседателот Аурелио Де Лаурентис, пред неколку месеци имал една рунда преговори со Ванда Нара.

> Икарди се враќа во Италија? <

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење