Утрински Весник
Култура

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам

Во чест на празникот на Франкофонијата, Националната галерија, во соработка со Францускиот институт од Скопје, ќе претстави педесетина слики од великаните на македонското сликарство: Димитар Пандилов Аврамовски, Лена Стефановска, Томо Владимирски, Борко Лазески, Никола Мартиноски и Лазар Личеноски.

Изложбата ќе биде отворена во петок во 12 часот, во Националната галерија Чифте амам.

Престојот во Париз и инспирацијата на француската школа се огледуваат во делата на овие големи учители. Некои од делата ќе бидат премиерно поставени на оваа изложба.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2022 година.

Текстот Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“