Утрински Весник
Култура

Изложба „Метафизички слики“ на Иво Пецов во КИЦ на РСМ во Софија

Изложба „Метафизички слики“ на Иво Пецов во КИЦ на РСМ во Софија

Изложбата „Метафизички слики“ на Иво Пецов ќе биде отворена денес, 20 октомври, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Со 20 дела, изработени во техниката масло на платно, авторот ги разоткрива плодовите од својата дејност во последните 12 месеци.

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со Ковид-19. Во таа смисла ќе биде регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која ќе биде важно да се одржува дистанца од 1,5 метри меѓу секој од посетителите.

Заради големината на галеријата, во еден ист момент ќе можат да присуствуваат 10 -12 посетители кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути. За настанот се обезбедени дезинфектанти и помошници ќе внимаваат за настанот да помине без собирање на многу луѓе на едно место. Заштитните маски остануваат задолжителни.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17 часот, по што посетителите кои ќе дојдат подоцна ќе можат да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“