Утрински Весник
Магазин

Џеф Бриџис откри дека има лимфом

Џеф Бриџис откри дека има лимфом
300x250 (7)

Оскаровецот Џеф Бриџис откри дека има лимфом, но вели дека неговата прогноза е добра, пренесуваат медиумите.

Во еден твит повторувајќи го неговиот лик Д Дуд (Батката) во филмот „Големиот Лебовски“, Бриџис рече дека започнува со третмани, признавајќи дека станува збор за сериозна болест.

Лимфомот е форма на рак кој влијае на лимфниот систем – дел од мрежата што се бори против микробите во организмот.

70-годишниот Бриџис е добитник на „Оскар“ за најдобра машка улога во 2010 година за улогата на алкохоличар во филмот „Лудо срце“.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината