Утрински Весник
Македонија

Излезноста до 15 часот во Маврово и Ростуше и Центар Жупа е над 32 отсто, во Тетово – 21,3 отсто

До 15 часот, излезноста на гласачите на изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше изнесува 34,41 отсто, а во Центар Жупа 32,88 отсто.

dobivaj vesti na viber

Во Тетово за членови на советот, до 15 часот излегле 21,3 отсто од пријавените гласачи.

Денеска се гласа за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за членови на советот на општина Тетово.

Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово, 7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше.

Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија