Утрински Весник
Македонија

Изгореле 25 јагниња во пожар во Сирково

Почна откупот на дебарските јагниња

Кавадарци, 30 јуни 2020 (МИА) – Во СВР Велес завчера околу 22.00 часот било пријавено дека во село Сирково настанал пожар во трло со овци, сопственост на В.А.(40), при што изгореле 25 јагниња, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци и бил извршен увид на местото на настанот.

Синоќа пак,  во 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека од неисправен комбајн настанал пожар на жито на нива на фирма на место викано „Тиклик“, во село Вешје, неготинско. Пожарот бил изгаснат. Бил извршен увид на местото на настанот. свд/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново

Полицајци вдишале чад при гасење пожар во обиен објект