Утрински Весник
Македонија

Вработена во аптека спречила кражба

Вработена во аптека спречила кражба

Тетово, 30 јуни 2020 (МИА) – Вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот. Откако добила закана и и биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и побегнала од аптеката по што без да земе нешто заминало и машкото лице.

 -Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември“ непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо, соопшти СВР Тетово

Полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот. ас/бк/

                                                       

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Промоција на книгата „Превентивна стоматологија“ на 16 октомври во Стоматолошки факултет

Еден томограф на Радиологија повторно работи, прегледи ќе има и за викенд

Пред нас се два продолжени викенда во октомври – еве кога ќе одмараат граѓаните