Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот над Галичник

Изгаснат пожарот над Галичник

Пожарот кој беснееше над Галичник е целосно изгаснат.

Екипите сега интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација и гасење.

Од месноста соопштија дека нема никаква опасност за куќите, ниту потреба од евакуација.

Пожарот над хотел Неда е комплетно угаснат.
Екипите сега интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза…

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Sunday, May 2, 2021

Претходно Центарот за управување со кризи информираше дека постои потенцијална опасност за селото поради силниот ветер кој го отежнува гасењето на огнот. Армијата испрати и хеликоптер, но истиот беше приземјен поради временските услови.

Пожарот изби во текот на денот над хотелот „Неда“.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот