Утрински Весник
Македонија

Извозот во 2018 година со раст од 21,8 отсто

Двојно зголемен превозот на стока со железницата во четвртиот квартал лани
Img 5587

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Извозот на стоки во текот на 2018 година бележи раст од 21,8 отсто во однос на претходната година, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија изнесува 6.921.536 илјади американски долари.

Ss1

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.057.264 илјади американски долари, што е за 17,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2018 година, изнесува 2.135.728 илјади САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2018 година, изнесува 76,5 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта  и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија. скс/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово