Утрински Весник
Магазин

Американец украл автомобил со штотуку починат маж

Американец украл автомобил со штотуку починат маж

Лос Анџелес, 28 февруари 2020 (/) – Американец од Лос Анџелес, Калифорнија, украл автомобил во којшто се наоѓало тело на штотуку починат маж.

Погребникот го паркирал возилото пред црква, оставајќи го моторот вклучен додека внесувал еден од покојниците во капелата. Крадецот го искористил мигот и избегал со автомобилот. Внатре имало уште еден починат, соопшти полициската службеничка.

Во порака на Твитер, канцеларијата на шерифот го повика крадецот да го врати покојникот.

Тој потоа бил уапсен, вчера наутро, по потера по којашто се случил судир со друго возило. Мртвиот човек во тие мигови сѐ уште бил во украдениот погребното возило. си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од компанија во Јужна Калифорнија украдени Покемон карти вредни речиси милион долари

Нови песни, познати музички имиња и фестивалска еуфорија: „Макфест“ на 30 и 31 октомври

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронза во Полска