Утрински Весник
Спорт

С. Македонија организатор на женско младинско Светско Првенство во 2024 година

С. Македонија организатор на женско младинско Светско Првенство во 2024 година

Каиро, 28 февруари 2020 (МИА) – На денешниот состанок на извршниот комитет на ИХФ кој што се одржa во Каиро, Египет, членовите ја потврдија апликацијата за кандидатурата на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) за организатор на женското младинско Светско Првенство (до 20 години) во 2024 година.

На претстојното Светското Првенство во 2024 кое ќе се одржува во три градови, односно во Скопје, Охрид и Струмица, учество ќе земат 32 земји учеснички.

Оваа организација претставува 6-та организација на нашата земја на еден светски мундијалски собир во млади категории во машка и женска конкуренција.

Во изминатите години, Ракометната Федерација на Македонија беше организатор на Светски Првенства во млади категории во 2019-та, 2014-та, 2008-ма, 2007-ма и 2003-та година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ферстапен на пол-позицијата во Имола

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата