Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ сепак нема да игра на ЕУРО 2020

Ибрахимовиќ сепак нема да игра на ЕУРО 2020

Златан Ибрахимовиќ нема да игра за Шведска на Европското првенство.

Напаѓачот на Милан, минатата недела, против Јувентус, го повреди коленото. Прегледеите кои ги направил Ибрахимовиќ покажале дека не ги скинал лигаментите во коленото, но дека ќе мора да мирува три недели.

Бидејќи Ибрахимовиќ мора да мирува речиси до почетокот на ЕУРО 2020, Швеѓаните одлучиле тој да не биде дел од националниот тим.

Ибрахимовиќ, во март против Грузија, по пет години се врати во репрезентацијата. Ибрахимовиќ е апсолутен рекордер во Шведска со 118 настапи и 62 постигнати гола.

Шведска на ЕУРО 2020 ќе се натпреварува во Е-групата, заедно со Шпанија, Полска и Словачка.

> Ибрахимовиќ сепак нема да игра на ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија