Утрински Весник
Македонија

Зaпочна вакцинацијата на хронично болни пациенти од 20 до 40 години

Вчера се вакцинирале 13.482 граѓани

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април годинава, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови низ државата.

Како што информираат од респрното министерство, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои биле одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.

Можете да прочитате

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите

Дивеел на едно тркало по Партизанска, немал ни возачка дозвола – заработи две кривични пријави

Дожд, магла и непристапен терен: Успешно спасени двајца странски планинари на Шар Планина