Утрински Весник
Магазин

Зошто „Ворнер“ не ја отпушти Амбер Херд како што направи со Џони Деп?

Зошто „Ворнер“ не ја отпушти Амбер Херд како што направи со Џони Деп?

Џони Деп и Амбер Херд очигледно немале најздрав брак, но кој навистина има во Холивуд, коментираат таблоидите.

Со текот на годините, видовме повеќе иконски холивудски парови кои се разведоа на многу непријатен начини, како на пример Бред Пит кој ја остави Џенифер Анистон откако ја запозна Анџелина Џоли на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“, па потоа, разводот со Џоли кој сè уште не е финализиран. Тука е и Кети Пери која имаше цел документарец за нејзината борба да се справи со разводот со комичарот Расел Бренд среде турнеја.

Историјата на Холивуд е полна со венчавки и разводи, повеќе пати, многу од нив се венчаваат па се разделуваат и потоа повторно се заедно.

Но, дури и според холивудскиот стандард, четиригодишниот развод на Деп и Херд е прилично грд, исполнет со тврдења за наводно насилство и злостава.

Тие се сретнаа на снимање на филм во 2009 и се венчаа во 2015 година. Херд поднесе барање за развод една година подоцна, обвинувајќи го за семејно насилство, наводно, кога бил под дејство на дрога и алкохол. Тој ги негираше ваквите наводи и тврдеше дека всушност таа била насилникот во нивниот брак.

Во 2017 година, Деп беше избран за улогата на негативецот Гридервалд во „Фантастични ѕверки“. Но, минатиот месец, откако го загуби судскит случај за клевета, студиото му рече да си поднесе отказ.

Деп беше отстранет од филмот, а многумина прашуваа „а што е со Амбер Херд?“, имајќи предвид дека ова е комплексен случај и никому не му е јасно кој бил насилен во врската или можеби и двајцата биле такви.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик