Утрински Весник
Спорт

Злато за Рубљов и Пављученкова во руското финале

Злато за Рубљов и Пављученкова во руското финале

Андреј Рубљов и Анастасија Пављученкова се нови олимписки шампиони во мешани двојки, откако во руското финале во Токио во драматичен меч со 6:3/6:7(5)/13:11 беа подобри од своите сонародници, Елена Веснина и Аслан Карацев.

Веснина и Карацев започнаа со брејк, но Пављученкова и Рубљов се вратија со два брејка да го освојат првиот сет. Во вториот беше многу тесно, без брејкови, за Пављученкова и Рубљов да израмнат во тај-брејк. По ова се играше тај-брејк сет до 10, и по три меч-топки златото беше одлучено.

Бронзениот медал отиде кај Австралија, откако Ешли Барти и Џон Пирс дојдоа до победа без меч против српската двојка Нина Стојановиќ и Новак Ѓоковиќ, откако светскиот рекет број 1 се откажа од мечот.

> Злато за Рубљов и Пављученкова во руското финале <

Можете да прочитате

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0

Радовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елита 

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција