Утрински Весник
Македонија

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијансата за Албанците

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села попладнево во Тетово поднесе оставка од функцијата.

dobivaj vesti na viber

Села нагласи дека неговата оставка доаѓа како резултат на резултатите на изборите за општински советници во Тетово, каде неговата партија не успеа да добие ниту еден советник.

„Од овој момент поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијансата за Албанците“, изјави Села.

Најави дека во партијата ќе се направат анализи за резултатите од изборите, а дополнително Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата.

Можете да прочитате

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш

ДУИ: 0 Албанци меѓу државните награди „8 Септември“ – и успесите на Албанците стануваат невидливи

Нива акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш