Утрински Весник
Македонија

Земјотрес почувствуван од населението на Св. Николе, Кочани и Штип

Земјотрес почувствуван од населението на Св. Николе, Кочани и Штип

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска околу 11 часот и 49 минути во регионото на Свети Николе – Штип.

Како што објави телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа, 65 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св.Николе-Штип.

Земјотресот беше почувствуван од населението на Св. Николе, Кочани, Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

Уште колку животи треба да згаснат? велат семејствата од „Пулс“ и повторно побараа одговорност

Од утре задолжителна зимска опрема – што мора да има во возилото?

Жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа во Албанија