Утрински Весник
Македонија

Приведен охриѓанец, при претрес во неговиот дом пронајдено оружје

Приведен охриѓанец, при претрес во неговиот дом пронајдено оружје

Утрото на ул.„Винковачка“ во Охрид уапсен е 43-годишен охриѓанец, откако кај него било пронајдено оружје за кое немал дозвола.

При претрес во домот на Г.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 мм, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка во Струшко, повредени три лица

Николоски: Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш во поодбрување на инфраструктурата, подршката за општините продолжува

Ноќна акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, уапсени повеќе лица, меѓу нив и малолетници