Утрински Весник
Македонија

Здружение на летни ноќни клубови на Скопје: Добивме дозвола за работа и после полноќ

„Сакаме да ве известиме дека нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат“ се вели во соопштението од Здружението на летни ноќни клубови на Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за Економија Крешник Бектеши кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ“ велат оттаму.

Од Здружението подвлекуваат дека „младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови“.

Можете да прочитате

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – 6 милиони за надворешно сметководство, со само една понуда и покрај сопствен финансиски оддел

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија