Утрински Весник
Економија

Зголемена финансиската поддршка за занаетчиите за набавка на алати и репроматеријали од 12 на 20 милиони денари

Зголемена финансиската поддршка за занаетчиите за набавка на алати и репроматеријали од 12 на 20 милиони денари

На предлог на Министерството за економија Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.

Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари. Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант.

Имено со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60% од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. Пртетходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.

Право на учество ќе имаат занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик кој ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој