Утрински Весник
Економија

За да спречи перење на пари, Кипар ќе ја испитува сопственоста врз компаниите

За да спречи перење на пари, Кипар ќе ја испитува сопственоста врз компаниите

Кипар планира да воспостави регистар на сопственици на илјадници компании во наредните месеци, со што ќе ги расветли нетранспарентните зделки на компаниите, што го доведоа до лош глас, пишуваат светските агенции.

Деталите за илјадниците компании регистрирани на медитеранскиот остров ќе започнат да се собираат од 16 март за да бидат внесени во новиот регистар.

Според најновите информации, воспоставувањето на регистарот го налагаат регулативите на ЕУ против перење пари, а неговите поборници велат дека тоа може да претставува пресвртна точка за Кипар, посебно за оние што сакаа да го сокријат своето богатство зад компаниите, привлечени од ниските даночни стапки.

„Ние ќе им дадеме на компаниите шест месеци да ги соберат сите детали за да влезат во новиот систем“, рече Антониа Фаита-Ставриде, висок функционер во Министерството за енергетика, трговија и индустрија, координатор на проектот.

Кипар долго време се обидуваше да се ослободи од имиџот на земја чија влада добива пари од инвеститори без никакви прашања.

Доходовната шема за добивање пасош во замена за инвестиции беше ненадејно укината минатата година, по извештаите за можна корупција, потсетува Ројтерс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието