Утрински Весник
Македонија

Затворен локал во Тетовско – работел и покрај забраната, а 13 девојки ги забавувале гостите

Проститутките започнаа со работа во некои делови од Германија

Полицијата синоќа во 23:45 часот извршила контрола во локал во селото Желино, Тетовско, кој работел спротивно на прописите на Владата донесени за угостителските објекти во време на епидемија.

Во објектот биле затекнати 19 гости и 13 девојки кои ги забавувале. Од девојките, осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки.

„Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле приведени, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни

Сончево и постудено – 24info.mk