Утрински Весник
Култура

„Заробениот ветер“ – нова претстава на театар „Сенки и облаци“

„Заробениот ветер“ – нова претстава на театар „Сенки и облаци“

Оваа сабота, 16 октомври, во 19 часот ќе се одржи премиерата на новата претстава на театар „Сенки и облаци“ насловена „Заробениот ветер“.

Во нов театарски формат – кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова седумминутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.

Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театар „Сенки и облаци“ во Дебар маало, каде претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер.

„Заробениот ветер“ е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен.

Текстот „Заробениот ветер“ – нова претстава на театар „Сенки и облаци“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“