Утрински Весник
Македонија

Започнaто чистењето на депонијата кај Железничкиот мост во општина Гази Баба

Започнaто чистењето на депонијата кај Железничкиот мост во општина Гази Баба

Град Скопје денес започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба.

На оваа депонија секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, но пред се го загрозува здравјето на жителите од оваа општина, информираа од Град Скопје.

Градот во соработка со јавните претпријатија, додаваат од таму, интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија, која зафаќа површина од над 13.000 метри квадратни.

Напоменуваат дека целосно е исчистена и депонијата во населба Лисиче на ул. Ѓорѓи Крапчев на површина од околу 18.000 метри квадратни, со исчистена и транспортирана голема количина на комунален отпад, смет и градежен шут.

Градот Скопје, како што истакнуваат, продолжува со интензивно чистење на дивите депонии кои се мапирани на територијата на Скопје, а екипите на јавните претпријатија работат во две смени со цел побрзо и поефективно чистење и санирање на истите. Дополнително, Градот воведе засилен инспекциски надзор и неселективно ќе бидат изрекувани големи казни за сите кои не го почитуваат законот, а со тоа и ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните,

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни